5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Скопјанец си ја пронајде сопругата во јама со вода

Вчера околу 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Т.Т.(60), пријавил дека на улица “Лисец“ ја пронашол неговата сопруга М.Т.(61) падната во дупка за јама полна со вода истата не давала знаци на живот.

Истиот повикал Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатата е извадено од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Спонзорирано: