21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Е, ова е газда: Директорот му порадил автомобил на работник кој многу пешачел до работа (Видео)

Сопственик на компанија за селидба во Алабама во САД на работник му подарил автомобил откако испешачил околу 32 километри за навреме да стигне на работа.

Американските медиуми пишуваат дека, откако му се расипал автомобилот, Американецот Валтер Кар морал да пешачи ноќ и ден за да стигне на работа.

Џени Леми, првата клиентка за која Кар работел тој ден, му понудила на работникот да се одмори откако дознала дека пешачел со часови.

Лук Марклин, извршен директор во компанијата во која Кар се вработил, дознавајќи што се случило, побрзал да го запознае својот нов вработен.

Откако испиле кафе, Марклин поради пожртвуваност и посветеност на работата му ги подарил клучевите од својот Форд.

„Искрено ме воодушеви“, рекол сопственикот компанијата.

Кар подоцна на новинарите им рекол дека е многу благодарен што добил прилика да работи.

„Сакав да им покажам дека сум посветен. Реков дека ќе стигнам на работа, на овој или на оној начин“, рекол Кар.

Спонзорирано: