20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва Бејли со моќна порака – еве што соопшти

Вечерва американскиот амбасадор во своето гостување на телевизија Канал 5 соопшти дека кај САД постои уверување за исполнување на договорот од Преспа, како и за членство на Северна Македонија во НАТО.

Бејли смета дека треба да се формира Државната изборна комисија за да може таа да ги реализира подготовките за претстојниот референдум на кој граѓаните ќе го изразат своето мислење.

Бејли референдумот го оцени како можност граѓаните да одлучат дали Македонија треба да оди во ЕУ или НЕ.

– Мислам дека ќе гласаат за ова бидејќи поддршката за НАТО постои во земјата уште од 90-тите, од независноста. Мислам дека уште од Самитот во Букурешт очигледно е дека требаше да дојде до договор со Грција за прашањето за името за да се оди напред. Тоа е тежок компромис, но мислам дека сега граѓаните на земјата имаат можност да ја видат својата иднина, рече Бејли.

Вели и дека многу пати разговарал со претседателот Ѓорге Иванов за македонската иднина во ЕУ и НАТО и тој, како што рече, долги години бил силен поддржувач на тоа.

Спонзорирано: