23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Што има на врвот? Момче се искачи на Големата пирамида во Египет и откри нешто неверојатно (Видео)

Искачувањето на пирамидите во Египет е строго забрането. Доколку се обидете може да завршите во египетски затвор.

Тоа меѓутоа, не го запрело германскиот блогер Андреј од Минхен. Овој млад блогер обожава да се искачува по згради и разни споменици.

Младиот Андреј тргнал да се качува, игнорирајќи ги предупредувањата од другите туристи и од полицијата, бидејќи, како што напишал, не ги разбрал со оглед на тоа што зборувале на арапски.

Своето искачување на 4500 години старата Голема пирамида во Гиза го забележал со камера. До врвот на 146 метри високата пирамида му требале осум минути – за слегување нешто повеќе, дури 20 минути бидејќи, како што напишал „безбедноста е на прво место“. Но се исплатило бидејќи погледот е неверојатен.

Како што пишуваат медиумите, младиот Германец бил приведен откако слегол од пирамидата, но полицајците сепак го пуштиле, заедно со сите снимки кои ги направил.

Спонзорирано: