Се огласи партијата на Љубчо Георгиевски: Ова е ставот по добивањето покана на Македонија во НАТО

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на 29-те членки на НАТО присутни на самитот за почнување преговори со Македонија за приклучување кон алијансата. Од партијата велат дека самата одлука за почнување на преговорите е јасен знак дека местото на Република Македонија е во НАТО.

„Македонија со својата повеќегодишна посветеност во однос на атлантските интеграции заслужува да е дел од евро-атлантскиот сојуз. ВМРО-Народна партија предупредува дека изјавата на генералниот секретар Јенс Столтенберг треба да се сфати сериозно. Од денес па натаму сè зависи од Република Македонија и затоа е потребно да се посвети големо внимание и сериозност кон целиот процес врз која се темели поканата за членство во алијансата“, смета ВМРО-НП.

Политичката партија потсети со години во своето дејствување се залагала и отворено говорела за отстранување на сите пречки што го блокираа патот на Македонија за вклучување во алијансата.

Во тренд…