12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев се сретна со извршната директорка на УНОПС: Да го искористиме моментот за проекти за подобар живот на граѓаните

Премиерот Заев денеска се сретна со делегација на Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (УНОПС), предводена од заменичката на генералниот секретар на ОН и извршна директорка на УНОПС, Грете Фаремо.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата двете страни изразиле огромно задоволство од потпишувањето на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство оценувајќи го како корисен не само за двете земји туку и за регионот.

Директорката на УНОПС, истакнувајќи дека се гордее што се среќава со македонскиот премиер во историски денови, ја пренела силната поддршка од Обединетите нации (ОН) и Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (УНОПС) на патот на Македонија кон евро-атлантските аспирации.

Фаремо истакнала дека особено е задоволна што со македонското Министерството за надворешни работи размениле писма за отворање проектна канцеларија на УНОПС во Скопје, што ќе значи зголемување на соработката во обезбедувањето услуги во одржливата инфраструктура, одржливите набавки и одржливото управување со проекти, кои опфаќаат изградба на училишта, патишта, мостови и болници, како и набавка на стоки и услуги и обука на локален персонал.

На средбата премиерот Заев ја истакнал улогата на УНОПС како важен партнер за развојот на Македонија, кој во остварувањето на својата мисија поддржува проекти во инфраструктурата, набавките, финансискиот менаџмент и човечките ресурси.

Тој ја истакнал и исклучителната важност на УНОПС во размената на најдобрите практики за реформите што Македонија веќе ги презеде за обезбедување почеток на преговорите со Европската Унија.

Спонзорирано: