20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повик од руската Дума до Русинките: Немојте со странците, ќе има многу деца

Претседателката на руската Дума за семејни прашања, Тамара Плетнова им порача на Русинките за време на Светското првенство во фудбал, да не стапуваат во сексуални односи со странските навивачи. Според Плетнова, Русинките со таквото однесување ќе си создадат големи проблеми, како што е раѓање деца во семејства со еден родител или може татковците да си ги однесат децата со нив.
„Дури и да се создадат бракови по таквите ситуации, девојките не знаат да се извлечат од нив. Тогаш, доаѓаат во мојата комисија, одземено им е детето и така натака“ рекла Плетнова и потсетила што се случило по Олимписките игри одржани во Москва во 1980 година, кога драстично пораснал бројот на самохрани мајки.
Првенството ќе трае до 15 јули а се очекува Москва да ја посетат околу милион туристи, додека на официјалниот сајт на Фифа се продадени повеќе од два милиони влезници.
Спонзорирано: