21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ вечерва со жестоко соопштение до ВМРО ДПМНЕ

Вечерва СДСМ излезе со соопштение реагирајќи на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ:

Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси.

Нема дилеми – Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Нема дилеми – Договорот ги отвора перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, напредокот, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Нема дилеми – обврските на македонската и грчката страна се јасно дефинирани во Договорот кој што е во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното и домашното право и ќе биде ратификуван од двете страни.

Мицкоски да нема дилеми, тие се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор!

Спонзорирано: