21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кирацовски во Пелагонискиот Регион: Реферндумот е историска шанса за македонската иднина

На референдум граѓаните ќе имаат историска шанса. Да кажеме „да“ за македонската иднина, порача геренералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој во текот на вчерашниот ден беше во посета на Пелагонискиот Регион, каде што се сретна со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ од Могила, Новаци и од Битола.

Во разговорите со граѓаните Кирацовски зборуваше за спроведените реформи во изминатата година преку кои, како што рече, се обезбедуваат нови инвестиции и работни места, зголемени субвенции, повисоки пензии и повеќе пари кај граѓаните.

Кирацовски се осврна и на историскиот договорот со Грција и придобивките од членството во ЕУ и НАТО.

„Пред нас е историска шанса. Граѓаните имаат шанса да испишат нови страници од нашата историја. Заедно да ставиме крај на долгогодишниот спор што ја држеше Македонија во стагнација, што нè влечеше надолу и да ја обезбедиме македонската иднина. Имаме историски договор што го зајакнува и зацврстува нашиот идентитет, ни ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе значи загарантирана стабилност и безбедност, но и нови инвестиции, нови подобро платени работни места. Сето тоа обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин“, порача Кирацовски.

Тој додаде дека целиот демократски свет го поздравува постигнатиот договор и упатува честитки за лидерството на двете земји.

Спонзорирано: