Кампања во Битола – „„Биди кабадаја носи кацига“

Во заедничка соработка со СВР Битола, Здружението на моторциклисти „Ѓорги Стефановски“ од Битола ја започна кампањата под мотото „Биди кабадаја носи кацига“.

50% од мотоциклистите не носат заштитна кацига, застрашувачки е бројот на млади учесници во сообраќајот кој за време на летниот период возат мотоцикли без заштита кацига, а да не се споменува другиот дел од заштитната опрема која е потребна за правилно управување на моторцкл.

Факт е дека поголемиот дел од младите мотоциклисти ја избегнуваат законската обврска за носење на заштитна кацига. Не постои изговор за неносање на заштитна кацига. Поради тоа низ Широк сокак во Битола се поделија флаери со оваа содржина. Целта е да се поттикесвеста кај мотоциклистите за безбедноста во сообраќајот и носењето на заштита кацига. За време на летниот период ќе се организираат низа активности, трибини и настани поврзани со безбедноста и ќе се однесуваат на најралнивата група во сообраќајот, а тоа се мотоциклистите.

Во тренд…