12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку “распали” по ВМРО ДПМНЕ – Еве што се вели во жестоката реакција

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за расипништво, странските инвестиции само во првите три месеци од 2018 се поголеми од оние за цела 2017 година, реагира Социјал-демократскиот сојуз по обвинувањата на опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и државата и стана симбол за расипништво, а во десет години ниту еднаш не предаде Фискална стратегија во законски предвидениот рок. Поради таквото расипничко и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот и затоа опозициската партија денес нема нема никаков кредибилитет да зборува за економија и фискални стратегии. За разлика од 11 годишното пустошење на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ за неполна година успеа да ги санира штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и да ја стабилизира и раздвижи економијата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Понатаму се додава дека потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ се и официјалните податоци на Народната банка на Република Македонија според кои само во првите три месеци во државата се влезени 235 милиони евра од странски инвестиции.

„Тоа е повеќе отколку во цела 2017 година кога вкупните странски инвестиции изнесувале 227.5 милиони евра. Ова е потврда дека економските политики на Владата предводена од СДСМ и Планот за економски раст даваат реални и видливи резултати. Наспроти лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ и од спроведените мерки што обезбедуваат економски раст, повисоки плати, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните“, смета владејачката партија.

Спонзорирано: