10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општините ќе добијат пари за развој на селата и на планските региони

Владтаа на Република Македонија ќе им додели пари на единиците на локалната самоуправа за финансирање на проекти за развој на селата, ова било одлучена на денешната 70-та владина седница.

Како што соопштија од прес службата на Владата, за финансирање на проекти за развој на селата, општините ќе добијат речиси 28 милиони денари, а за финансирање на проекти за развој на плански региони, ќе добијат околу 195 милиони денари.

На седницата исто така било разгледана и прифатена информацијата за изменување и дополнување на Годишната програма за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и на Црвениот Крст на Република Македонија од приходите од игри на среќа и од забавните игри. Министрите ги прифатија и измените на одлуката за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри за 2018-та година.

Спонзорирано: