12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Внимавајте на змии отровници: Годишно 5,4 милиони луѓе преживуваат каснување од змија, умираат 138.000

Во светот од каснување од змии отровници годишно умираат 138.000 луѓе, додека секоја година 5,4 милиони луѓе преживуваат каснувања, пренесоа агенциите.

Светската здравствена организација објави дека во светот годишно каснувања од змии преживуваат најмалку 5,4 милиони луѓе.

Наведно е дека на годишно ниво од каснувања од змии умираат 138.000 луѓе. Каснувањата од змии, исто така, годишно осакатуваат околу 400.000 луѓе.

Податоците покажуваат дека половина од смртните случаи од каснувања од змии се случуваат на подрачјето на Индија.

Причината за големиот процент смртни случаи во Индија е недостатокот од итни интервенции и генерално слабата здравствена услуга во земјата.

Спонзорирано: