13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ обвини за двојни аршини – „Десетици наши членови се шиканирани“

Правосудството во Република Македонија го живее својот најсрамен период и работи по двојни аршини, смета опозiцијата.

Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека државата е киднапирана, а судството е под заробеништво на премиерот Зоран Заев.

„Судството работи по двојни аршини, луѓе како Заев, кои флагрантно се фатени во криминал, се ослободуваат, а луѓе кои чесно работеле ниту за себе обезбедиле противправна имотна корист се осудуваат со драконски казни“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија додава дека земјата со вакво судство не може да се придвижи кон ЕУ и НАТО.

„Десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на шиканирање и на монтиран прогон, само затоа што се политички неистомисленици на Зоран Заев, тие се притвораат и затвораат. Постапките против нив се надвор од секое правично и правно правило“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава и дека Македонија економски тоне и се соочува со стагнација, како во времето на транзицијата.

Спонзорирано: