23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Русија ја претстави првата пловечка нуклеарна централа, еве како изгледа

Русија ја претстави првата пловечка нуклеарна електрана на светот на свечено закотвување во Мурманск, проект кој би требало да овозможи снабдување на оддалечени области.

Изграден во Санкт Петербург, „Академик Ломоносов“ е претставен пред новинарите во саботата.

Наскоро би требало да биде наполнет со нуклеарно гориво пред да дојде до конечната дестинација, оддалечен регион во источен Сибир.

Во 2019 оваа пловечка нулеарна електрана ќе тргне од Мурманск во Арктичкото море за да ги снабдува руските бази со струја и топлина. Електраната може да ги покрива потребите за енергија на речиси 200.000 луѓе.

Спонзорирано: