19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Отворен ден за граѓаните во Противпожарната бригада на Скопје

По повод Денот на пожарникарството, Градот Скопје и противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ), денес и утре организираат отворен ден за граѓаните. Сите граѓани кои сакаат да ја посетат противпожарната станица во Автокоманда, и се запознаат со функционирањето и работата на пожарникарите, тоа можат да го направат денес и утре (19 и 20 мај), во период од 10 до 18 часот, во противпожарната станица во Автокоманда (улица „Романија“, во непосредна близина на ресторанот „Дојрана“).

На отворените денови, професионалната противпожарна единица пред јавноста ќе ја презентира опремата со која располага и граѓаните ќе ги запознае со нивните активности, вклучувајќи и совети за безбедност при пожари.

Организацијата на отворениот ден во противпожарна единица на Град Скопје е уште една од бројните активностите за зголемување на транспарентноста во работењето. Претходно, Градот Скопје организираше отворен ден и во Центарот за управување и контрола на сообраќајот

Спонзорирано: