4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп нема да биде обвинет додека е претседател, тврди Џулијани

Специјалниот советник, кој ја води истрагата за наводна вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, Роберт Малер, нема да поведе обвинение против Трамп додека е на функција. Ова го тврди правниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, кој изјави дека добил вакво уверување.

Џулијани за „Фокс њуз“ вели дека не само што Малер не може да поведе обвинение против Трамп туку дури не може да му испрати ни судски повик да се појави пред Големата порота.

Во меморандум на Министерството за правда од 2000 година се наведува дека претседателот на САД не може да биде обвинет затоа што кривичното гонење би влијаело на неговата способност да ги извршува своите уставни должности.