15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Без струја делови на Сарај, Петровец, Карпош, Кисела Вода…

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска се планирани следните исклучувања во електросистемот:
• во периодот од 8.30 часот до 10.30 часот дел од корисниците од село Кондово. (општина Сарај)
• во периодот од 9 часот до 14 часот дел од корисниците од село Долно Коњари. (општина Петровец)
• во периодот од 9 часот до 9.30 часот дел од корисниците покрај улицата Ангел Динев и корисниците од улицата Кленоец бр. 3а (општина Ѓорче Петров)

Без струја во периодот од 9 часот до 15 часот ќе останат и корисниците од улицата Никола Русински бр. 12, влезови 1 и 2 (општина Карпош), а во периодот од 5 до 9 часот корисниците покрај булеварот Борис Трајковски на подуличката 22, корисниците од кракот 22 на истиот булевар и корисниците од населбата Усје (општина Кисела Вода).

Спонзорирано: