12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јавна дебата за нацрт-стратегијата за деинституционализација

На Филозофскиот факултет при УКИМ денеска се одржа јавна расправа за нацрт-текстот на националната стратегија за деинстутуционализација, една од најзначајните реформи што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика.

Националната стратегија предвидува трансформација на големите институции за згрижување деца и возрасни, при што во првата фаза до 2022 година целни групи се децата и лицата со попреченост, децата без родители и со воспитно-социјални проблеми, а во втората фаза возрасни со долгорочни тешкотии со менталното здравје и постари лица.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето воведно обраќање се заблагодари за присуството на сите фактори што имаат знаење, искуство и волја да придонесат за подобрување на стратегијата за деинституционализација. Со нејзиното усвојување Царовска рече дека треба да се создадат услови за реализација на овој процес и што е поважно, да не се дозволи враќање назад и лицата што биле деинституционализирани никогаш да не се вратат во институција.

„Важно е да се потенцира дека големите институции немаат квалитет за едно лице или дете да живее во соодветни услови. Затоа, топката треба да се префрли во помали единици или фокусот да се даде на згрижувачки семејства што ќе ги поддржиме за ги развијат потенцијалите кај децата и лицата за да се вклучат во општеството и да придонесуваат во развојот за заедниците во кои живеат“, истакна министерката.

Во воведните обраќања поддршка за спроведување на деинституционализацијата изразија и Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Никола Бертолини, шеф за соработка при ДЕУ, Луиза Винтон, постојана координаторка на ОН, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, и Наташа Станојковска-Трајковска, раководителка на Институтот за дефектологија.

Со свои конструктивни забелешки и коментари, во насока на подобрување на нацрт-стратегијата, се вклучија претставници на граѓанскиот сектор, корисници на услуги од социјална заштита, претставници на државните институции и академската заедница.

Спонзорирано: