4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Во лет пукнало стакло во пилотската кабина, копилотот ќе излетал од авионот

Авион „ербас А319“ на „Сичуан ерлајнс“ бил принуден да изврши екстремно принудно слетување во Кина откако му пукнало предното ветробранско стакло на висина од 9 753 метри.

Инцидентот предизвикал целосен хаос и само благодарение на присебноста на пилотот и другите членови на екипажот е спречено да се случи поголема несреќа.

Авионот летнал од градот Чонгкинг во понеделникот наутро и успеал да се искачи на 9 753 метри, кога ветробранот од десната страна се разнел, по што морале да слетаат на меѓународниот аеродром во Ченгду Шуанлиу.

„Немаше знак за предупредување, одеднаш стаклото едноставно се распука и се слушна силен тресок. Во наредната секунда мојот копилот беше извлечен до половина надвор низ прозорецот“, вели капетанот Лиу Чуанџан. Копилотот и друг член на екипажот претрпеле помали повреди, со оглед на степенот на штетата, рекоа кинеските воздухопловни власти, без да дадат детали што можело да го предизвика инцидентот. Авионот слетал безбедно со сите 119 патници и девет члена на екипажот.

Додека властите продолжуваат да ја истражуваат несреќата, „Сичуан ерлајнс“ забележал дека на летот бил доживеан „механички дефект“. Пред вонредното слетување, авионот на „Сичуан ерлајнс“ бил упатен кон тибетскиот главен град Ласа.