12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел изјави дека Германија останува посветена на нуклеарниот договор со Иран

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека би било погрешно да се откаже од нуклеарниот договор со Иран истакнувајќи го тоа како една од нејзините главни разлики помеѓу Берлин и Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека САД ќе се повлечат од договорот од 2015 година, кој беше потпишан за да се врши контрола врз нуклеарните капацитети на Техеран.

Меркел во средата пред парламентот изјави дека одлуката на САД е една од неколкуте вознемирувачки вести што се објавија неодамна. Другите вести ги вклучуваат хемиските напади во Сирија, насилството во Газа и секојдневните прекршувања на договорот за прекин на огнот во Украина.

Иако договорот со Иран е далеку од идеален, Меркел изјави „не е исправно да се откажете од овој договор во ваква ситуација“.

Сепак, таа додаде дека и покрај сите проблеми со кои се соочуваат овие денови, трансатлантските односи се и остануваат да бидат од огромно значење.

Спонзорирано: