20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција ќе ги забрзува процедурите за азил

Грчкиот парламент усвои нацрт закон за забрзување на процедурите за доделување азил на мигрантите и бегалците.

Според усвоените измени, ќе се зголеми бројот на членови во службите за азил, жалбената процедура за одбивање на барањата ќе биде скратена, а ограничувања ќе бидат воведени за барателите на азил кои се префрлени од островите во копнениот дел на Грција.

Министерот за миграција, Димитрис Вицас изјави дека нацрт законот нема на магичен начин да го реши прашањето со бегалците и миграцијата, но додаде дека владата сака да го намали чекањето на илјадниците азиланти, наведе Ројтерс.

Група од 13 грчки организации за човекови права ја обвинија владата дека ги игнорира правата на бегалците и планира протест пред парламентот.

Грција настојува да ја намали преоптовареноста во тамошните кампови и депортира сѐ повеќе луѓе во Турција.

Спонзорирано: