15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еди Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Никогаш не сум сонувал за Голема Албанија, бидејќи имав поголем сон – Голема Европа, под чие небо би се обединиле сите Албанци, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за порталот „Јуроњуз“, објавен во пресрет на САмитот на ЕУ и Западен Балкан во Софија.

Рама изразил жалење поради реакциите кои биле предизвикани од неговата изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат заеднички претседател.

„Тоа не требаше да биде вознемирувачка изјава, туку замисла, во многу посебни околности, на десетгодишницата од независноста на Косово и за време на обраќањето во косовскиот парламент“, рекол Рама.

Според него, идејата за заеднички претседател се однесува на период за 20 години, а како што рекол, пред да ја изнесе таа идеја, тој нагласил дека и дијалогот меѓу Белград и Приштина за 20 години би можел успешно да биде завршен, и Србите и Албанците тогаш би биле во состав на ЕУ.

Според албанскиот премиер, 2025 година би требало да биде година кога сите земји од регионот ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ, ако се трудат и си ја работат својата работа.

Спонзорирано: