13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Извршниот директор на „Епл“ вели дека тој го предупредил Трамп дека тарифите се погрешен пристап во трговијата со Кина

Главниот извршен директор на „Епл”, Тим Кук, изјави дека го критикувал пристапот на Доналд Трамп во трговијата со Кина на неодамнешниот состанок во Белата куќа, притоа повикувајќи го претседателот да се осврне на правниот статус на имигрантите познати како Сонувачи.

Во интервјуто за телевизијата „Блумберг“, Кук рече дека неговата порака до Трамп се фокусирала на важноста на трговијата и како соработката меѓу две земји може да ја зголеми економијата многу повеќе отколку нациите што дејствуваат сами.

Кук се сретнал со Трамп во Овалната канцеларија кон крајот на април, во услови на трговска војна меѓу САД и Кина. Администрацијата на Трамп усвои 25 процентни тарифи за производи во вредност од најмалку 50 милијарди долари кои доаѓаат од Кина, што предизвика лавина реакции, но и клима за одмазда од страна на Кина. Во интервјуто со Дејвид Рубенстајн, Кук потврди дека претходните трговски политики кон Кина биле погрешни, но додаде дека потегот на Трамп е исто така контроверзен.

„Вистина е, несомнено, дека не сите имаат предност од тоа – во која било земја – и ние мораме да работиме на тоа”, рече Кук. „Но, почувствував дека тарифите не се вистинскиот пристап за таа земја, и му предочив неколку анализи за да покажам зошто”.

Иако „Епл“ произведува најголем дел од своите производи во Кина и ги наведува САД и Кина меѓу трите најголеми пазари, „Купертино“, технолошката компанија со седиште во Калифорнија, досега не била сериозно погодена од тензиите во трговијата. Иако производите како ајфон и ајпед се дизајнирани во САД, тие се изработуваат во кинески фабрики управувани од „Хон хаи пресижн индастри ко.“ и „Пегатрон Корп“.

Спонзорирано: