15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МОЗАИК

Луѓето постари од 40 години треба да работат три дена неделно

Во студијата објавена од Институт во Мелбурн се тврди дека луѓето постари од 40 години најдобри резултати на работното место постигнувале кога работеле три дена неделно. Дали ова значи дека постарите работници работат помалку ефикасно?

Истражувачите се обиделе да ги анализираат когнитивните способности на повозрасните работници. Во истражувањето учествувле вкупно 3500 жени и 3000 мажи. Истражувачите се фокусирале на способностите на испитаниците, како што се апстрактното размислување, меморијата и извршното размислување. Покрај тоа, истражувачите ги мереле нивните когнитивни перформанси со цел да утврдат колку се ефективни на работа.

Испитаниците имале подобри резултати кога работеле 25 часа неделно. А, нивните перформанси значително се намалиле кога почнале да работат 55 часа неделно. Главна причина за тоа биле заморот и стресот.

Според еден од авторите на студијата, професорот Колин Мекензи, нивото на интелектуална стимулација зависи од работното време. Иако работата може да ја стимулира активноста на мозокот, но, може да предизвика замор и стрес. Затоа, може драстично да влијае врз когнитивните функции.

Работното време игра огромна улога во одржувањето на когнитивните функции, особено кај постарите лица. Освен тоа, работењето повеќе од 30 часа неделно, може да има негативно влијание врз здравјето на мозокот на средовечните мажи.

Како што тврди професорот Мекензи, работењето 40 часа неделно е ефикасно за одржување на нормалното когнитивно функционирање. Сепак, тоа не ги максимизира позитивните ефекти од работата.

Дали е важно кој тип на работа го работите? Дали е поважно да се работи со полно или скратено работно време? Што ако работата бара поголем интелектуален ангажман?

Според професорот Мекензи, тешко е да се даде одговор на овие прашања. Тешко е да се идентификуваат заедничките ефекти од видот на работата што ја работите и како може да влијае на когнитивните функции, за луѓето да изберат работни места врз основа на своите когнитивни способности.

Исто така, уште не е јасно зошто работењето повеќе од 30 часа неделно не е добро за мозокот. Како што тврди професор Мекензи, знаеме дека многу работи можат да предизвикаат замор и стрес, но исто така е важно да се максимизираат позитивните ефекти од работата.

Со оглед на фактот дека секоја година луѓето земаат различен број слободни денови, тешко е да се контролираат сите фактори. Но, се чини дека работењето полно работно време до 67-годишна возраст не е толку корисно како што верува владата.

Владата има цел 40- часовната работна недела да важи до 67-годишна возраст и ова да го спроведе до 2026 или 2028 година.

Важно е да изберете работа што ја сакате и што ќе ве задоволи. На тој начин се неутрализираат стресот и заморот. Сепак, познато е дека постарите луѓе не можат да работат на ист начин како што тоа го правеле пред 20 години.
Затоа, неприродно е да се тераат луѓето да работат до 67-годишна возраст, како што предлага владата. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие тврдења. Она што засега можеме да направиме е да работиме нешто што нè прави среќни.

Извор: Gottadotherightthing / превод Окно.мк

Спонзорирано: