11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Австралиец кој поради својата посебна крв спасил два милиона деца, последен пат седна на крводарителското столче

Крводарител од Австралија, кој поради својата ретка крвна група спасил, како што се верува, животи на повеќе од два милиона неродени деца со потреба од анти-Д имуноглобулин, во петокот во Сиднеј последен пат донира крв. Станува збор за 81-годишник што дарувал крв 63 години, а сега заминува во пензија.

Опкружен со мајки и нивните бебиња, Џејмс Харисон последен пат ја подал кон медицинскиот персонал својата златна рака со цел да донира крв, посебна по тоа што постојано произведува високо ниво антитела што се користат за производство на анти-Д инјекција.

Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни крвни својства. Поради тоа, од неговата плазма се произведува анти-Д имуноглобулин, која се дава на Rh-негативните мајки по раѓање Rh-позитивно дете со што се спречува развојот на Rh-антителата.

По раѓањето Rh-позитивно дете, Rh-негативната мајка добива инјекција со анти-Д имуноглобулин со цел да се спречи формирањето антитела што би ги нападнале црвените крвни зрнца на Rh-позитивните деца во следните бремености.

Донациите на Харисон им помогнале на повеќе од два милиона австралиски мајки безбедно да ги донесат на свет своите бебиња, објави Црвен крст.

Харисон добил инспирација за крводарителство кога имал 15 години во една ситуација кога требало да се соберат 13 литри крв за време на голема операција.

Спонзорирано: