4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Нова цена на бензините – колку ќе поскапи дизелот овој пат?

Пред скоро две недели Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на бензините, со што цените се зголемија за 2 денари.

Во споредба со цените од минатата година, со последното поскапување бензините „скокнаа“ за 11 денари.

Со последната промена на цените на Први мај малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Ако се земат во предвид последните движења на цените на нафтата на светските берзи, реално е да се очекува уште едно значително поскапување, особено по одлуката на Трамп да го поништи договорот со Иран.