5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Келнер доби огромен бакшиш, но не беше поради добрата услуга (видео)

Келнер од Далас бил многу изненаден кога добил бакшиш од неверојатни 500 долари од непозната жена, чијашто сметка изнесувала само 37 центи.

Кеси Симонс добил и порака на салветка на која несреќната жена му објаснила зошто добива толкав бакшиш.

„На најдепресивниот ден во годината ти ѝ го разубави денот на мајка ми. Не престанува да се смее откако сте го направиле тоа што сте го направиле“, пишувало на салветката.

Симонс бил награден за делото што го направил претходниот ден. Кога бил во супермаркет видел постара тажна жена и се обидел да ја расположи, а на крајот ѝ ја платил сметката во маркетот.

-Нејзината сметка беше 17 долари, но не се работи а парите, туку да му покажеш на некого дека мислиш на него, вели Симонс за Метро.

Жената била тажна, бидејќи на тој ден се одбележувала 3-годишнината од смртта на нејизниот сопруг.

Спонзорирано: