4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Достапна новата верзија на Android, но не за сите телефони

Компанијата „Гугл“ објави бета верзија на најновиот оперативен систем за мобилни уреди Android P, која првично е достапна за 11 телефони, вклучувајќи ги моделите Pixel, Essential Phone, Sony Xperiа XZ2, Mi Mix 2S и претстојниот OnePlus 6. Се разбира, како и со секоја бета-верзија, корисниците на овие уреди треба да имаат предвид дека можни се грешки, односно багови во работата на оперативниот систем.

Оваа верзија на Android донесува нов здив на вештачка интелигенција во управувањето со батеријата и исклучувањето на неактивните апликации кои раборат во позадина.

Исто така, Android P ја воведува категоријата „предвидливи апликации“, која во рамки на потсетникот сега додава апликации следејќи ги навиките на корисникот во поглед на тоа што следно би ми можел да активира, односно да прегледа. На пример, ќе ви биде понудена омилената апликација за допишување за да му испратите порака на пријателот, под претпоставка дека тоа е токму нешто што сакате следно да го направите.

Две нови интересни функции во новиот Android се специјалните додатоци за пребарување и контекстуалните менија кои се активираат во рамките на оперативниот систем, без активирање, односно пребарување меѓу апликациите.

Присуството на бета верзија на Android P на неколку уреди кои не се произведени од „Гугл“ укажува на тоа дека напорите на компанијата да ја забрза надградбата на оперативниот систем кај мобилните уреди имаат позитивен ефект. Со други зборови, во иднина нема да има портеба да поседувате официјален уред на „Гугл“ за брзо ги добиете сите важни софтверски ажурирања, пишуваат порталите специјализирани за технологија.

Инаку, најновата верзија на Android би требало да биде достапна за сите корисници до крајот на 2018 година.