13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Сарај, Аеродром, Карпош, Петровец…

Од „ЕВН Македонија“ АД има известување дека денеска без електрична енергија ќе останат: во периодот од 8 до 13 часот корисниците од селото Љубанци, летувалиштеТО „Љубанци“, мелницата „Љубанци“, ХПП Љубанци“, дел од корисниците од селото Мирковци, како и корисниците од викенд-населба Побожје и селата Побожје, Кучевиште, Бродец, Танушевци и Брест (општина Чучер Сандево).

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна и Горна Матка, како и стопанските објекти „Адријус“ ДООЕЛ, „Виа комерц“ и „Бис оил“ (општина Сарај), во периодот од 9 до 10 часот дел од корисниците од улицата 23 Октомври (општина Аеродром), од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Волгоградска бр. 7, 8 и 12 (општина Карпош), во периодот од 9.10 до 12 часот корисниците од селото Коњари, а краткотраен прекин од 30 минути ќе имаат корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик и Живиње, општина Петровец.

Спонзорирано: