10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Купила куче за 9.000 денари, сега не може да верува што и шета по дома (Фото)

Кинеските медиуми пишуваат за жена која за 150 евра (околу 9.000 денари) купила куче мислејќи дека купува јапонски шпиц.

Меѓутоа, како што нејзиното милениче растело, така девојката по име Ванг почнала да се сомнева.

На три месеци старост “кучето“ престанало да јаде храна за кучиња, а забележала и дека никогаш не лавнало.

Крзното му станувало подебело, а опашката подолга, па девојката со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво.

Нејзините сомнежи се покажале оправдани бидејќи на крај дознала дека наместо куче купила – лисица.

Го одвела миленичето во блиската зоолошка градина и тамошен стручњак и објаснил дека нејзините сомнежи се оправдани.

На жената наместо куче и продале лисица во локална продавница со домашни миленичиња, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.

Спонзорирано: