13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Дислоцирани цвеќарите од Бит-пазар, ќе се гради такси-станица

Општина Чаир и Град Скопје во меѓусебна координација започнаа со дислокација на трговците што се занимаваат со продажба на цвеќиња по должината на булеварот „Крсте Мисирков“.

Портпаролот на Општината, Куштрим Ала, денеска изјави дека продавачите привремено се дисплоцирани зад Поликлиниката „Бит-пазар“ со цел да се иницира решение за хаосот што се предизвикува на булеварот и справување со ситуацијата со јавните површини во општината.

„Со ослободување на просторот каде што порано се одвиваше трговската дејност се создаваат потребните технички предизпозиции за почнување со процесот на уредување на булеварот и изградбата на новата такси-станица предвидена на тоа место. Што се однесува до одредената локација, треба да се потенцира дека ова претставува само привремено решение кое ќе важи до изградбата на новиот пазар, кој ќе поседува просторен капацитет за квалитетно извршување на трговската дејност“, рече Ала.

Тој додаде дека на моментната локација е инсталирано јавно осветление и се преземени мерки за создавање оптимални услови за работа. Исто така, преку средствата за информирање, како што кажа, граѓаните ќе бидат запознаени со новата локација на трговците, со цел процесот на купопродажба да се одвива нормално, без никакви пречки и застој.

Спонзорирано: