13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Скокнаа цените на нафтата, откако беше донесена оваа одлука

На азиските берзи во средата цените на акциите паѓале, додека цените на нафтата драстично скокнале откако претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да излезе од нуклеарниот договор и најави нови санкции за Иран.

MSCI индексот на азиско-пацифички акции, без јапонските, бил во минус 0.2 отсто, околу 7.30 часот.

Притоа на токиската берза Nikkei индексот бил во минус 0.4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и Јужна Кореја паднале помеѓу 0.2 и 0.4 отсто. Индексите во Шангај, Австралија и Хонг Конг пораснале помеѓу 0.1 и 0.3 отсто.

На азиските берзи владее внимателност, како и вчера на Вол Стрит, откако американскиот претседател Трамп објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор како би спречиле Иран да развие нуклеарна бомба и дека веднаш повторно ќе воведат економски санкции за Техеран.

Спонзорирано: