7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Колку интернет се троши со една минута мината на „Јутјуб“?

Иако износот на мегабајти што го трошите од мобилниот интернет за гледање видеа на платформата „Јутјуб“ зависи од квалитетот во кој ја гледате снимката, тој во никој случај не е мал.

Доколку квалитетот на сликата е автоматски прилагоден, тогаш на вашиот телефон ќе трошите над 4 мегабајти во секунда. Тоа значи дека еден час гледање е еднаков на 240 мегабајти, или цел гигабајт по 4 часа. Се разбира, количината на потрошениот интернет зависи од квалитетот на снимката на видеото што го гледате – доколку тој е поголем, ќе ве чини и повеќе мегабајти.

Видео со лош квалитет (240p) троши 1,6 MB во минута, но снимка во висока резолуција (1080p) троши повеќе од 12 мегабајти.

Со автоматското прилагодување на „Јутјуб“, одредено е платформата да ги пушта видеата со резолуција од 480p. Погледнете колку мегабајти во минута може да ви потроши секоја резолуција за гледање видеа која е достапна на „Јутјуб“:

240p – 1,6 MB

360p – 2,66 MB

480p – 4 MB

720p – 7,4 MB

1080p – 12,4 MB

Инаку, покрај тоа што има автоматско прилагодување, „Јутјуб“ им овозможува на корисниците и самите да го одберат квалитетот во кој во иднина сакаат да ги гледаат сите видеа. Тоа се прави на тој начин што во самата платформа, во опцијата мени се избира можноста select quality, а потоа за одбира посакуваниот квалитет за емитување на видеата (доколку е тој понизок, ќе троши и помалку мегабајти од вашиот интернет).

Спонзорирано: