12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Заврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош, нема повеќе средства во буџетот

Aкцијата за субвенционирање при купувањето нови велосипеди што ја спроведе Општина Карпош е завршена. Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е завршена поради исцрпување на паричните средства предвидени во буџетот, информираат од Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа од денеска нема да ги зема предвид сите новопристигнати апликации. „Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб-страницата на Општината, социјалните мрежи и фејсбук-профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: