23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Неодолива јогурт погача – додека ја печите цела куќа ќе замириса

Мека и неодолива – ви донесуваме рецепт за вкусна јогурт погача која ќе ја обожавате!

Состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша, 50 гр квасец, 2 дл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, 700-800 гр брашно тип 400 глатко, сусам за посипување, 150 гр маргарин за премачкување

Подготовка: Квасецот и шеќерот ставете ги во млака вода. Измешајте и оставете малку. Во брашното додајте јајца, сол, јогурт и надојден квасец, па замесете тесто. Оставете го 5 минути да одмори, па развлечете го во голем правоаголник, тенок околу 5 мм.

Премачкајте со маргарин. Свиткајте во ролат. Исечете го ролатот на дебелина од околу 4-5 см. Редете во кружен сад. Масата мора двојно да се зголеми.

На врвот на секој ролат ставајте по малку маргарин и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени. Погачата држете ја во сува крпа.

Добар апетит!

Спонзорирано: