5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Диета за мрзливи девојки: Пијте го овој сок, килограмите сами ќе исчезнуваат

Лековитите својства на циметот и медот, посебно и во комбинација, веројатно ви се веќе познати. Но, она што можеби не сте го знаеле е фактот што овие две магични состојки можат да ви помогнат да ослабнете.

Пробајте ја оваа напивка која е вкусна, лесна за подготовка, а го забрзува метаболизмот и ви помага да се ослободите од вишокот килограми додека удобно седите во вашата фотеља. Не велиме дека е добро да заборавите на вежбање, но ако денес баш ве мрзи да се придвижите, има и други решенија!

Ова е едно од нив:

Потребни ви се:

2 супени лажици мед
1 супена лажица цимет
250 мл вода

Упатство за подготовка:

1. Препорачаните количини може да се менуваат, но важно е секогаш да користите две мерки мед и една мерка цимет. Подгответе онолку колку што ви е потребно.

2. Зовријте ја водата.

3. Ставете ја врелата вода преку циметот. Прекријте го садот и оставете го да се олади до температура на која може да го конзумирате пијалокот.

4. Додајте го медот кога пијалокот е оладен. Никогаш немојте да ставате мед во врела вода, бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи на медот.

5. Испијте половина од пијалокот пред спиење. Другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро – но без претходно да ја подгревате.

Тоа е се`! И запомнете – овој рецепт делува само кога се конзумира на празен стомак.

Спонзорирано: