17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Научниците ужаснати: НАСА го откажа единствениот проект за истражување на Месечината

Американска НАСА го откажала единствениот постоечки проект за развој на роботско возило за истражување на Месечината, иако претседателот Доналд Трамп вети декаќе ги врати луѓето на Месечината.

Научниците кои со години работеле на возило за истражување на поларниот регион на Месечината се шокирани од оваа одлука.

– Дознавме дека развојот на возилото RP е откажан на 23 април 2018 година и дека е побарано проектот да биде запрен до крајот на мај – се наведува во писмото на Аналитичката група за истражување на Месечината датирано на 26 април, кое е испратено до шефот на НАСА.

Во писмото се наведува дека научниците оваа информација ја примиле со неверување.

Роботскиот ровер било единствено возило во светот за истражување на поларниот регион на Месечината. Требало да биде лансирано 2022 година.

Спонзорирано: