Две бронзени медали за јуниорите на Макпетрол

Викендов во Чачак , Србија се одржа 47-от по ред карате турнир „Златен појас на Чачак“ за кадети јуниори и сениори-ки.

Младите каратисти на Макпетрол во јуниорска конкуренција успеаја да освојат два бронзени медали.

Бронзени медалисти на овој силен турнир се Абдурахим Идризи катекорија -55 кг, и Стефан Стојановиќ категорија -70 кг.

Тие во елиминацискиот дел имаа по три победи и со помош на репасажните борби победија во директните борби за бронзените медали.

„Ова е веќе пета контрола со учество на турнири за младите каратисти на Макпетрол. Сите контроли се направени за само триесет дена.

Нашиот подмладок настапи во Софија, потоа во Хрватска и на два домашни турнири. Посебно радува тоа што нашиот кандидат кој треба да обезбеди пласман на летната олимпијада за млади категории Идриз Абдурахим, јуниор -55 кг, во континуитет освојува медали на сите турнири на кои до сега учествуваше.

Се надеваме дека ќе продолжи со добри настапи и на првиот квалификациски турнир за остварување на Олимписка норма за млади спортисти што треба да се одржи во месец мај во Софија“ изјави Д-р. Бошко Заборски, тренер на карате клубот „Макпетрол“ и селектор на Македонската карате репрезентација.

Во тренд…