3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се најавува пресврт со времето – Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи, информира УХРМ.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 11, а дневните од 18 до 24 степена.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 9 до 23 степена.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Од петок ќе има намалување на облачноста и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.