23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција ќе ѝ даде на Сирија хуманитарна помош од 50 милиони евра

Фрнација ќе издвои 50 милиони евра итна хуманитарна помош за Сирија, изјави претседателот Емануел Макрон по состанокот со група невладини организации во Париз.

„Вечерва ги собрав невладините организации што работат на терен во Сирија. Соочена со хуманитарна ситуација, Франција воспостави итна програма од 50 милиони евра“, наведе Макрон синоќа на „Твитер“.

Средствата ќе бидат упатени кон невладините организации и агенции на Обединетите нации што работат на терен во Сирија, вклучително и канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања, соопшти Елисејската палата, пренесе „Ројтерс“.

Дваесетина невладини организации учествувале на состанокот со Макорн, меѓу кои и Црвениот крст и „Кер“. Според процените на ОН, хуманитарна помош им е потребна на речиси 13 милиони луѓе, меѓу кои шест милиони деца.

Спонзорирано: