4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров: Нема да му вратам на Дачиќ за изјавата за името

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, престојува во Белград по повод одбележувањето на десетгодишнината од работата на Европскиот фонд за Балканот, но во рамките на посетата нема да оставри средба со својот српски колега Ивица Дачиќ. Димитров во интервју за српската телевизија „Н1“ рече дека нема да му врати на Дачиќ за изјавата дека Србија не требало да ја признае Македонија.

„Мислам дека такви изјави не ни помагаат. Ние сме министри на две земји, претставуваме два блиски народа. Имаме заедничка историја во Југославија, се надевам во не толку далечна иднина ќе бидеме заедно и во Европската Унија. На некој начин ништо не може да ја уништи нашата блискост. Сепак, на нас е дали ќе има задевања и повремени боцкања или ќе се однесуваме како браќа“, изјави Димитров.

Одговарајќи на прашање за Косово, Димитров рече дека Македонија не може да биде голем играч во спорот помеѓу Белград и Приштина.

„Ние делиме граници и во наш интерес е тој проблем да се реши на најдобар начин за двете страни во разговорот во посредство на Федерика Могерини во Брисел. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакале да бидеме колатерална штета на оваа динамика“, рече Димитров.

Целото инервју ќе биде прикажано во текот на денот на српскиот ТВ-канал.