23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Алаѓозовски: Повлечени се 10 проекти со вкупна вредност од 8,5 милиони денари

Десет проекти од годишната програма на Министерството за култура, со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари, се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информира денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, при посетата на затворот во Шуто Оризари.

„Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на кој ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање“, појасни Алаѓозовски на новинарско прашање за проектите од годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.

Во однос на најавата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за отстранување четири споменици, министерот рече дека тоа е работа на Општината и дека се работи за споменици од проектот „Скопје 2014“.

Спонзорирано: