19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Нова фудбалска трагедија – почина познатиот фудбалер

Продолжува лошата година за фудбалерите. Францускиот второлигаш Ле Авр потврди дека нивниот дефанзивец, 18-годишниот Самба Диоп починал во сон во саботата.

Мечот од втората лига против Реим, кој требаше да се игра во сабота е откажан, а Француската фудбалска лига побара сите тимови од првите две лиги да му оддадат почит со една минута молк пред стартот на мечевите овој викенд.

„Ова е страшен момент за сите играчи и членови на тимот“, се вели во соопштението на тимот.

Диоп имаше 21 настап за Б-тимот на Ле Авр, кој игра во четвртата француска лига.

Ова е само еден од низата неочекувани трагедии во фудбалот во 2018 година – прво почина капитенот на Фиорентина, Давиде Астори во сон, а само пет дена подоцна замина уште еден млад француски фудбалер, 18-годишниот Томас Родригез од Тур. Во Норвешка пак, почина 21-годишниот Томас Лилебек, а во Хрватска минатиот месец животот го загуби 25-годишниот Бруно Бобан по удар на топка.

Спонзорирано: