19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Ќе добие убава сума доколку внук му дебитира за Англија

Доколку Луис Кук добие шанса да одигра некоја секунда во дресот на Англија на пријателските натпревари против Холандија, односно Италија, на сметката на неговиот дедо ќе „легне“ убава сума на пари.

Дедото на фудбалерот на Борнмут уште во 2014 година, со 500 фунти се обложил, дека неговиот внук до својата 26. година ќе дебитира во дресот на Англија.

Облогот бил ставен пред четири години, кога 18=годишниот Кук дебитирал за сениорскиот тим на Лидс јунајтед.

Обложувалницата на дедото на Кук му понудила коефициент 33/1, а тој уплатил 500 фунти. Доколку Кук, во наредниот период, одигра и само една секунда за Англија, неговиот дедо ќе заработи 17.000 фунти.

Спонзорирано: