17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Внимавајте наоколу: “Комарец” краде податоци од вашиот компјутер и кога нема интернет

Израелски научници од Универзитетот Бен Гурион развија нова метода наречена „air-gap“ што овозможува размена на податоци меѓу два неповрзани компјутера преку звучник или слушалки.

Со тоа тие докажаа дека за влез во нечиј компјутер и кражба на податоци не е потребно тој да биде поврзан со интернет.

Во комбинација со малициозен код, можно е да се претворат слушалките во уред за прислушување, но и во уред за испраќање податоци, дури и во случај кога микрофон не е приклучен со компјутер.

Израелските научници успеале преку посебна штетна содржина успеале локално ставени датотеки да ги претворат во аудио снимки и потоа со помош на „air-gap“ и ултразвучни бранови да префрлат на друг компјутер во круг од еден до девет метри. Проектот е наречен Mosquito (комарец).

Спонзорирано: