15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Нацев: ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на протестите кај пратениците

Го почитуваме уставно загарантираното право на протест и се оградуваме ако има говор на омраза, но не сме организатори на протестите пред домовите на дел од пратениците од СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму потсетуваат на протестите кои претходно се одржувале пред домот на екс премиерот Груевски.

-Протестите кои се случуваат деновиве, не се нешто ново, се сеќаваме на протесто кои биле побрутални, се сеќаваме на протестите кај поранешниот премиер, се сеќаваме на некои неумесни пораки преку социјалните мрежи, така што, ние ја почитуваме слободата на изразување, но секогаш осудуваме говор на омраза или повик на политички линч, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, кој од пред Јавното Обвинителство порача дека власта спроведува селективна правда.

Според Нацев, Јавното обвинителство замижува пред криминалот на власта, а без никаква основа, како што рече, се монтираат обвиненија и се инсистира на притвори за сите кои не ги делат истите политички убедувања со Зоран Заев.

„Последен е скандалот во министерството за внатрешни работи. Медиумите ги потврдија информациите дека Оливер Спасовски без тендер доделил милион евра на фирма од неговото Куманово која е партиски донатор на СДСМ. Што треба да се случи за Јавното обвинителство да се заинтересира за овој скандал? Не ли му е барем малку сомнително на Јавното обвинителство тоа што возилата Шкода се набавуваат од фирмата Де Лукс Ауто, а не од овластениот увозник за Шкода во Македонија?“, изјави Нацев.

Спонзорирано: