11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните се против деструктивните дејства на опозицијата

Блокадите на Собранието значат уцени за демократијата, стои во денешното соопштение на владејачката СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обиделе со конфликт и насилство да предизвикаат поделби, но, како што велат, мнозинството граѓани ги отфрлило ваквите деструктивни дејства на опозицијата.
„Никој не е над Уставот, а Ѓорге Иванов е должен да извршува задачи кои му се доделени со Уставот“, се наведува во патиското соопштение.
Од СДСМ констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија, но, како што велат крајно време е да се надминат себеси и во интерес на граѓаните на Република Македонија да ги напуштат политиките на омраза.
Спонзорирано: