11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Ренова не се „даде“ против Шкендија, Пелистер со „доцна“ победа

Пелистер во финишот на натпреварот стигнаа до 2:1 победа над Академија Пандев во првото полуфинале на Купот на Македонија, додека Шкендија и Ренова одиграа 1:1 во цврст натпревар.
„Академците“ поведоа на гости преку Атанасов по половина час игра, пред Борче Маневски да израмни во 61. минута, пред Ристе Илијоски во последните моменти од мечот да го постигне победничкиот гол за актуелните шампиони од Купот во Македонија, за мала предност пред ревашнот во Струмица на 11 април.
Ренова, пак, на „гостински“ терен дојде во водство уште во 12. минута преку Стојановски, пред во 26. минута Емини да го постави конечниот резултат, за супер интересен втор дуел на градските ривали.
Спонзорирано: