20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Хамилтон: Ред бул можат да бидат најбрзи во Мелбурн

Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон стравува дека со едно подобрување пред Австралиското ГП, тимот на Ред бул можат да го имаат најбрзиот болид за првата трка од сезоната.
Додека Ферари доминираше според времињата на двата теста во Барселона, Ред бул и Мерцедес не „бркаа“ времиња, но од двата тима имаат големи најави за новата сезона. Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Елисон најави дека Ред бул најверојатно е најголемата закана за доминацијата на „Сребрената стрела“, а сега Хамилтон вели дека очекува вистински предизвик.
„Мислам дека оваа година ќе биде возбудлива, бидејќи лани имаше голема разлика меѓу тимовите на почетокот на сезоната, а потоа таа се намали. Но, оваа година сите стартуваме блиску и бидејќи не ги носиме подобрувањата во исто време, мислам дека Ред бул ќе бидат многу интересни за следење во Мелбурн. Потенцијално, тие го имаат најбрзиот болид во моментов. Тие имаат поинаква филозофија од нас – градат болид со многу надолна сила, секогаш повеќе од другите. Тоа не е рецепт за успех, но им дава предност некаде“, вели Хамилтон.
Неговиот колега, Валтери Ботас вели дека не е сигурен дали Ред бул или Ферари се поголема закана за Мерцедес.
„И едните и другите изгледаат силно. Многу работи зависат од раниот развој на болидите, но не би сакал да ги потценам. Мислам дека ќе имаме борба на три тима, барем на почетокот“, објаснува Ботас.
Спонзорирано: